X
 22.05.2019 Образование

Нови протести на албанските студенти


Албанските студенти за денеска на пладне закажа нов протест пред министерството за образование на Албанија.

Студентите одлучија да ги обноват протестите поради неисполнетите ветувања од страна на владата во врска со нивните барања, по масовните протести што почнаа во декември минатата година и траеја до февруари.

Албанскиот премиер Еди Рама им се обрати во живо преку социјалните мрежи посакувајќи им добар ден и порачувајќи им дека Пактот за Универзитетот, кој беше потпишан претходно, значи почитување на ветувањата.

Рама наведува дека 86.271 студент имале корист од мерките што досега ги презела владата во однос на нивните барања, кои главно се поврзани со школарината.

Според медиумите, дел од студентите од внатрешноста на Албанија веќе пристигнуваат во Тирана за да учествуваат во протестот, но во неколку универзитети во другите албански градови наставата се одвива нормално.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование