X
 01.05.2017 Живот

Што прават среќните луѓе секоја недела навечер?

Ако сте како повеќето луѓе, во недела навечер веројатно јадете вечера, гледате ТВ или спиете. Сепак, ова не е начин на кој би си ги наполниле батериите пред да почне следната недела.

Дури и да ја сакате својата работа и нестрпливо чекате да се вратите, веројатно е да почувствувате стрес за она што Ве очекува. Сепак има неколку нешта што среќните луѓе ги прават за да се справат со тие состојби:

1. Минуваат квалитетно време со нивните сакани. Свесни дека ќе бидат зафатени во текот на неделата и слободното време го користат до максимум.
2. Планираат нешто забавно. Многу е важно понекогаш да Ви се тргне вниманието од неделните обврски.
3. Го планираат следниот ден. На овој начин ќе останете фокусирани за она што треба да го постигнете.
4. Вежбаат. Вежбањето е одличен начин за ослободување од работниот стрес.
5. Јадат нешто здраво. Иако сакате да се напиете некоја чаша вино, подобро е да практикувате да јадете свежа и здрава храна.
6. Читаат. Читањето е една од рутините на среќните луѓе.
7. Одговараат на е-маилови, пораки. Вечерното време е одлично за да се слушнете со членови од фамилијата или со пријателите.
8. Се исклучуваат. Тие знаат и целосно да се исклучат од светот и да не прават буквално ништо.
9. Се релаксираат. Важно е телото да се регенерира пред да почне новиот ден.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот