Владата неодамна ја прифати иницијативата на синдикатите недела да биде прогласен за неработен ден, а Министерството за труд и социјална политика веќе ја изготвило драфт-верзијата на законското решение и ја доставило до министерствата и до Владата. Синдикалните претставници сметаат дека недела треба да биде ден за одмор и ден за семејството, но бизнис-секторот предупредува дека ова законско решение треба добро да се осмисли, да се направат процени за влијанието врз економијата и да се види кои гранки, односно економски оператори можат да си дозволат да не работат, а кои не можат, пред сè поради нарушување на работниот процес.
Каков е вашиот став, дали недела треба да биде неработен ден?
Ве молиме за одговор на анонимната анкета.
*Оваа анкета не е на научна основа