X
 04.06.2023 Живот

Научниците даваат одговор на прашањето дали треба да вежбаме наутро или навечер

Некои луѓе сакаат да тренираат наутро, а некои попладне или навечер. Дали некогаш сте се запрашале дали времето во кое вежбате може да доведе до подобри резултати?

Научниците тврдат дека може затоа што нашиот внатрешен телесен часовник, или деноноќниот ритам, игра улога во согорувањето на телесните масти.

Истражувањето, објавено во списанието „Просидингс оф д нешнл академи оф сајенсес“, покажа дека глувците произведуваат повисоки нивоа на ензими кои се користат за метаболизирање на мастите кога трчале на лента во првите три часа по будењето.

- Ова покажува дека ако редовно вежбате наутро, вашето тело најверојатно ќе биде почувствително на разградување на мастите и нивно користење за енергија - вели Џулин Зиерат, професорка по интегративна физиологија на Институтот „Каролинска“ во Шведска, која работела на истражувањето.

- Голем дел од нашата физиологија, од температурата на телото до отчукувањата на срцето и гените кои го контролираат метаболизмот на мастите, работи на 24-часовен циклус - додава таа.

Додека нашите мускули се најмоќни и најфлексибилни подоцна во текот на денот, новото истражување покажува дека можеме да согоруваме маснотии поефикасно ако вежбаме наутро.

вежбање
Фото: Freepik

- Со други зборови, оние што вежбаат наутро може да имаат подобри резултати за слабеење. Исто така, утринското вежбање може да спречи зголемување на телесната тежина поради неговата ефективност - вели таа.

Научниците се сомневаат дека претпочитањето на телото за согорување маснотии по утринското вежбање е поврзано со природниот модел на хормони наречени глукокортикоиди, кои контролираат како телото ги одржува и акумулира мастите. Глукокортикоидите се наоѓаат низ телото, особено во масното ткиво. Нивната природна шема е да го достигнат врвот околу 8 часот наутро, што нè тера да се движиме и ни го „вклучува“ апетитот, пред да го достигнат најниското ниво околу 3 часот наутро кога длабоко спиеме.

Утринското вежбање одлично се вклопува во овој дневен циклус бидејќи нивото на глукокортикоидите е веќе покачено, а со тоа телото не генерира дополнителни масни клетки.

Меѓутоа, ако вежбаме навечер, тоа предизвикува наплив на глукокортикоиди, предизвикувајќи го телото да произведува нови масни клетки за да замени некои од оние што тукушто сте ги изгореле, минимизирајќи ја користа за вашата половина.

Ова може да помогне да се објасни зошто работниците во смени се повеќе склони кон зголемување на телесната тежина: нивните ноќни обрасци на стрес предизвикуваат големи бранови на глукокортикоиди во моменти кога телото нормално би спиело, што доведува до создавање на повеќе масни клетки.

Извор: Daily Mail
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот