X
 08.02.2021 Живот

Сакате подобар сон навечер? Методата 3-6-5 ќе ви помогне во тоа

Би било убаво кога заспивањето би било многу едноставно. Но, со оглед на нивото на стрес поврзано со живеење во тешки времиња како овие, на многумина заспивањето им е вистинска борба.

Ако имате проблем со кошмари поради каков било стрес, добро би било да се обидете со методата за спиење 3-6-5. Станува збор за медитативна техника на дишење што треба да се користи во текот на целиот ден.

Според Стефани Гејлинг, велнес-консултант, која ја споделува методата 3-6-5 во нејзината книга „Комплетна книга на соништата“, многумина од нас брзо вдишуваат и издишуваат, со повеќе од 12 вдишувања во минута. Тоа не ви помага побрзо да заспиете.

- Побавното, повнимателно дишење може да има влијание врз нервниот систем, помагајќи да се намали активноста на симпатичкиот нервен систем, што честопати се поврзува со режим на хипервозбуда и со парасимпатичката активност на нервниот систем - вели Стефани. Затоа методата 3-6-5 користи внимателно, забавено дишење за да му помогне на телото да се релаксира во текот на денот.

За да ја усовршите методата, посветете се на вежбање 3 пати на ден, земајќи 6 целосни вдишувања во минута, во период од 5 минути.

- За многу луѓе, дишењето со темпо е полесно да го прават во кратки временски периоди - вели Стефани.

Еве како да ја вежбате методата 3-6-5 за подобар сон:

1. Најдете удобна позиција

-  Најдете удобно столче или седнете на вашиот кревет. Некои луѓе сакаат да лежат бидејќи така се порелаксирани - советува Стефани.

2. Метода за следење на вашите вдишувања

Можете да користите апликација за следење на ритамот на дишењето или да ги броите секундите сами.

disenje
Фото: Freepik

3. Дишење полека и длабоко во период од пет секунди, а потоа полека издишете пет секунди


Овој чекор ве води да направите шест целосни вдишувања во минута. Правете го ова во период од пет минути.

4. Повторете го ова двапати во различен дел од денот

Можете да почнете да вежбате откако ќе се разбудите, по ручекот или пред да си легнете. Придобивките не завршуваат со тоа што техниката ќе ви помогне само да заспиете полесно: медитациите со дишење нудат многу придобивки за физичкото и менталното здравје.

- Секоја практика, како што е дишењето со темпо, ни помага да го ребалансираме нервниот систем, а тоа ќе ни помогне да станеме поотпорни на стрес - вели Стефани.

Извор: Wellandgood.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот