Повеќето корисници сакаат секогаш при рака да имаат готово решение за правење на квалитетни ноќни фотографии и тоа по можност со својот паметен телефон.
Фото: Thinkstock
Досега, тоа се чинеше како невозможно, но Флорија Кајнц од одделението за истражување во „Google“ направи пробна апликација која би можела засекогаш да го промени начинот на фотографирање навечер, без да треба да се користи „DSLR“ или слични фотоапарати.
Апликацијата, која настанала како плод од интернет предизвикот во „Google Research“ лабораторијата, на корисникот му овозможува целосна контрола врз експозицијата, фокусот, ISО вредноста... Секако, ова не е доволно за да се добие идеална фотографија во ноќни услови, но Кајнц во апликацијата го имплементирал она што е познато како „burst“ начин на фотографирање.
Во еден кадар, на „Google Pixel“ и „Nexus 6P“ паметните телефони, на кои е спроведено тестирање на апликацијата, Кајнц со својата апликација направил 64 фотографии кои после напредна обработка со посебен алгоритам се исчистени од останатите аномалии.
Резултатите се прилично неверојатни бидејќи фотографиите биле направени без никакви дополнителни стабилизатори, стативи, трипод и слично.
Ако ова е само експериментална фаза за тестирање на
апликацијата, многу луѓе веќе се надеваат дека наскоро би можело да дојде и до јавна продукција.