X
 01.05.2019 Култура

Музеите во најбогатите арапски земји се како од други планети

Моментално најбогатите арапски земји доживеаја економско и културно цутење, а со тоа и развој на архитектурата. Футуристичките градби се истакнуваат меѓу песокта, палмите и брегот на Персискиот Залив. Глетката, особено навечер, остава впечаток на научнофантастични филмови. Тоа претежно се музеи - национални, уметнички, археолошки.

Дури и „Лувр“ има своја арапска верзија во Абу Даби. Тој е отворен во 2017 година и е дело на францускиот архитект Жан Нувел. Интересно е што музејот е резултат на 30-годишен договор меѓу Абу Даби и француските власти - за него е платена лиценца од 550 милиони евра, како и 750 милиони евра за позајмување на уметничките дела од францускиот „Лувр“.


Музејот е изграден на островот Садијат и изгледа како еден вид пловечка структура. Куполата на врвот е испреплетена, што овозможува да поминуваат сончевите зраци. Ефектот кој се постигнува е како да сте во оаза и сончевите зраци минуваат низ лисјата на палмите.


Францускиот архитект Нувел е ценет во арапските земји и беше ангажиран и во проектирањето на Националниот музеј во Катар. По неколкудецениско градење, музејот свечено беше отворен кон крајот на март. Тој зафаќа повеќе од 50 илјади квадратни метри.


Во Катар се наоѓа и „Матхаф“ - арапски музеј на современа уметност. Покрај тоа што делата во него претставуваат арапски поглед на модерната и современата уметност, тоа го прави и самата зграда.


Сместен во Дубаи, музејот „Етихад“ претставува историски музеј со општествено, политичко, културно, научно и воено наследство на Обединетите Арапски Емирати. Проектиран е од страна на канадското архитектонско биро „Моријама енд Тепима“.


Културниот центар „Шеик Абдула Ал Салем“ е музејски комплекс во Кувајт и е еден од најголемите светски културни комплекси со повеќе од 20 галерии.

Уште еден музеј сместен на вода е Националниот музеј на Бахреин. Покрај него има уште една импресивна градба - Народниот театар на Бахреин. Уживањето во уметноста сигурно е поизразено во ваквите градби
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура