Дали некогаш сте сакале да посетите град изграден во стилот на лего-коцки? Можеби ваков град не постои, но населба во Киев, Украина, е најблиску до тоа.
Станува збор за населба во која зградите се обоени во различни пастелни бои. Населбата е дизајнирана од Дмитро Василиев, Александр Попов и Олга Алфиорова од фирмата „Архиматика“. Архитектите имале слобода да дизајнираат идилично место за живот.
Населбата има канцеларии, кафулиња, продавници и места за спортување, но и образовна академија, градинка и училишта. Во населбата има 180 згради, а помеѓу нив има дури 22 игралишта за деца.
Биле потребни 11 години за изградба на населбата, а сопствениците продаваат по 200 стана месечно.
Извор:
Luxury Launches
Фото: Instagram (Printscreen)