Одделот за здравство на Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, го одобрил користењето на специјални камери со скенери на јавните места за да се спречи ширењето на ковид-19.
Доколку скенерите детектираат лице што можеби е заразено со ковид-19, личноста нема да може да влезе во локацијата и ќе мора да направи ПЦР тест во следните 24 часа.
Фото: Pixabay
Технологијата претходно била тестирана на повеќе локации во емиратот, при што биле скенирани над 20.000 луѓе. Резултатите од тестирањето покажале дека технологијата има ефикасност од 90,3% кога детектира заразени лица и 83% кога детектира незаразени лица.
Камерите работат на тој начин што ги мерат електромагнетните бранови кои се менуваат во присуство на честички на ковид-19.
Тие треба да бидат оддалечени најмногу 5 метри од лицето при скенирањето, а резултатите се добиваат за неколку секунди.
Извор:
Interesting Engineering