X
 01.05.2024 Технологија

Вашата лозинка е премногу едноставна? Наскоро тоа може да е забрането

Уредите што доаѓаат со слаби лозинки како „админ“ или „12345“, ќе бидат забранети во Велика Британија според новите закони кои бараат сите паметни уреди да ги исполнуваат минималните безбедносни стандарди.

Мерките за заштита на потрошувачите од хакирање и сајбер-напади, стапуваат на сила в понеделник, соопштиле од Одделот за наука, иновации и технологија. Тоа значи дека производителите на телефони, телевизори и сите други паметни уреди, сега се законски обврзани да ги заштитат уредите поврзани на интернет од сајбер-криминалците, а од корисниците се бара да ги променат сите вообичаени лозинки.

Брендовите мора да објавуваат информации за контакт за да може да се пријават грешки и проблеми и мора да бидат транспарентни за времето на безбедносните ажурирања.

Росио Конча, извршен директор во организацијата „Кој?“, истакнал:

-Канцеларијата за безбедност и стандарди на производите, мора да даде јасни насоки за индустријата и да биде подготвена да преземе силна акција против производителите, доколку тие го прекршуваат законот, но исто така очекуваме брендовите за паметни уреди да ја направат вистинската работа за своите клиенти уште од првиот ден и да се погрижат клиентите лесно да најдат информации за тоа колку долго нивните уреди ќе бидат поддржани и да вршат информирани купувања.

Министерот за наука и технологија во Велика Британија, Џонатан Бери додал:

-Како што секојдневниот живот станува се повеќе зависен од поврзаните уреди, заканите генерирани од Интернетот се множат и стануваат уште поголеми. Почнувајќи од денес, потрошувачите ќе бидат посигурни дека нивните паметни уреди се заштитени од сајбер криминалци, бидејќи ние сме први во светот што воведовме законска регулатива што ќе обезбеди безбедност на нивната лична приватност, податоци и финансии. Посветени сме да ја направиме Велика Британија најбезбедно место во светот за да се биде онлајн и овие нови регулативи означуваат значаен чекор кон побезбеден дигитален свет.

Законите стапуваат на сила како дел од режимот за безбедност на производите и телекомуникациската инфраструктура, кој има за цел да ја зајакне отпорноста на Велика Британија, на сајбер-криминалот.

Што мислите, колку време ќе биде потребно пред ваквите работи да пристигнат во остатокот од Европа?

Извор: bajtbox.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија