X
 20.08.2019 Технологија

Проверете дали некоја ваша лозинка е хакирана

Според „Гугл“, 1,5 отсто од лозинките што се користат во пребарувачот „Хром“ не се безбедни. Иако ова се чини како мал процент, не смееме да заборавиме дека интернетот го користат милијарда луѓе.

Затоа, компанијата во февруари ја претстави новата функција за „Хром“ што проверува дали вашите лозинки се безбедни.

Апликацијата „Password Checkup“ е бесплатна која скенира база на податоци во која се наоѓаат 4 милиони компромитирани лозинки и потоа го известува корисникот дали неговите лозинки се безбедни или веднаш треба да ги промени. Со овој податок, „Гугл“ објави и прилично вознемирувачка статистика.

Податоците собрани од резултатите до кои дошла апликацијата, покажуваат дека ја презеле 650.000 личности, а по скенирањето, 316.000 лозинки биле небезбедни.

Меѓу лозинките се наоѓаат и оние за банкарски сметки, мејлови и други профили на веб-страниците. Најголемиот проблем било користењето на истата лозинка на неколку места.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија