Доколку вашата најкористена лозинка е „123456“ или „password“, треба да знаете дека сте лесна цел за хакерите. Меѓутоа, не сте единствени бидејќи тие се најдоа на листата со најчести лозинки во светот за оваа година.
Компанијата за организирање и чување лозинки „Норд пас“ собрала милиони лозинки од своите бази на податоци за да направи листа со најчестите лозинки во 2021 година. Лозинките се на корисници од 50 земји низ светот.
Фото: Pixabay
Анализата покажала дека лозинките често се поврзани со локацијата и културата во државата, па така луѓе во повеќе земји во лозинката имаат име на омилен фудбалски клуб. Во некои земји, како Нигерија, се користат лозинки поврзани со религијата.
Анализата открива и разлики помеѓу половите. Така, жените почесто користат позитивни зборови како „те сакам“, додека мажите често користат лозинки поврзани со спорт. Во некои земји мажите користат повеќе пцости во лозинките од жените. Популарни лозинки кај двата пола се оние што се поврзани со музиката.
10 најчести лозинки во светот во 2021
1. 123456
2. 123456789
3. 12345
4. qwerty
5. password
6. 12345678
7. 111111
8. 123123
9. 1234567890
10. 1234567
Извор:
The Conversation