X
 19.10.2022

„Нетфликс“ ќе почне да наплаќа за споделување лозинки во 2023

„Нетфликс“ веќе тестира наплаќање на опцијата за споделување лозинка во Латинска Америка откако се намали бројот на корисници на глобално ниво.

Платформата се обидува да ги принуди гледачите што немаат профил да платат за услугите и затоа од наредната година ќе почне да им наплаќа на корисниците за споделување лозинка. Планирани се опции со кои се наплаќа дополнителна сума за „дополнителен потпрофил“ кога луѓето надвор од домаќинството ја користат вашата лозинка.

Компанијата не ја открила цената за овие дополнителни трошоци, но потврдила дека планот ќе се реализира. Оваа шема веќе се тестира во неколку земји од Латинска Америка, каде што корисниците плаќаат околу една четвртина од цената за стандардниот план доколку ја споделат лозинката.

Доколку се практикува истата шема и на глобално ниво, тогаш секој дополнителен профил во САД би чинел од 3,50 долари до 4 долари.

Во обид да ги намали загубите, „Нетфликс“ најави и поевтина опција за користење на профилот која вклучува реклами.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk