X
 01.06.2017 Живот

Губењето на пријателите со текот на годините е всушност добра работа

Ако се наоѓате во фаза во животот кога губите пријатели како што Ви минуваат годините, можно е тоа да Ве загрижи. Добрата вест е што тоа е нормално и што му се случува на сите.

Со текот на времето се менувате и Вие и станувате целосно поинакви, со нов начин на живот. Ова значи дека можно е да запознаете нови луѓе и да стекнете нови пријателства. Лошата вест е
што некогаш треба да ги пуштите добрите пријателства поради одредени причини.

Безбедна зона

Што постари станувате толку повеќе ги штитите нештата што ни значат. Тогаш почнувате да градите безбедна зона и да ги штитите Вашите стандарди и принципи. Со тек на време како зреете нема да ги земате луѓето здраво за готово, ќе се дружите со луѓе со слични интереси и ќе вложувате повеќе во пријателствата.

Ќе го видите светот околу Вас


Како што зреете ќе имате повеќе искуство и ќе почнете сѐ повеќе да правите дистинкција кој треба да остане во Вашиот живот, а кој не.

Врски кои се важни


Со текот на времето можно е да изгубите и некои од најстарите пријателства, но ова не значи дека нема да имате повторно блиски и добри пријатели. Ќе создавате врски со луѓе кои подобро се познаваат себе си, а и Вие сѐ повеќе ќе знаете што Ве привлекува и интересира, па ќе имате повеќе теми за разговор.

Ќе имате помалку време

Со возраста се зголемуваат и обврските и затоа треба да се држите до оние работи кои се најважни. Така ќе научите да давате приоритет на вистинските работи, а да ги избегнувате неважните. Ова се однесува и на луѓето околу Вас и пријателите кои ги имате.

Ќе станете детектор за неискреност

Кога сте помлади често знаете да бидете неискрени, без разлика дали се тоа наставници, родители или пријатели. Со возраста за жал, растат и лагите. Но како зреете толеранцијата за лагите се намалува. Лесно ќе препознавате неискреност и најмногу од сѐ ќе посакувате да имате суштински и искрен разговор.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот