X
 12.09.2017 Живот

Земјата каде што најтешко ќе склопите пријателства

шведска
Фото: Istock


Земјата во која најтешко ќе склопите пријателство не е онаа што ја имате на ум.

Обично се наоѓа на врвот на сите светски рангирања, меѓутоа, кога станува збор за пријатели, Шведска не е толку пријателски расположена.

Истражувањето спроведено од „Експат“ врз 12.500 луѓе мерело сè - од просперитет во кариерата до романса. И покажало дека Шведска и не е така пријателски расположена.

Таа се најде на 65. место од вкупно 65 земји за склопување пријателства и на 45. место за пријателство.

Иако таа се најде на врвот кога станува збор за грижа на децата, вашите деца би немале многу другарчиња доколку се одлучите да се преселите во оваа земја.

Од друга страна, Костарика се најде на првото место, односно патниците велат дека ова е најдоброто место за стекнување пријатели за време на патувањата.

Целосното истражување можете да го проследите ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот