Планирате да одите на одмор со најдобриот пријател? Или размислувате за викенд-патување?
Резервирајте бидејќи патувањето со вашите пријатели е добро за вашето здравје. Тие се едни од најлесните луѓе со кои би можеле да патувате, а науката го потврди тоа.
Според извештајот на „Садерн ливинг“, патувањето со вашите пријатели го зголемува вашиот животен век, па ако ја доживеете 90-тата, знаете кому да му се заблагодарите. Исто така, патувањето со најдобрите пријатели може да го намали вашиот крвен притисок и ви помага повеќе да ја толерирате физичката болка.
Исто така, според науката, поминувањето квалитетно време со пријателите го зголемува нивото на окситоцин. Окситоцин е хормонот што нашето тело го ослободува кога сме среќни. Зголемувањето на овој хормон може да направи да се чувствувате посреќни, подоверливи и подарежливи.
Извор:
Her.ie
Фото: Freepik