X
 12.04.2022 Живот

Еве колку често треба да се гледаме со пријателите за да бидеме среќни

Научниците откриле дека пријателите може да понудат значајна емотивна поддршка, па затоа треба да се издвојува време за нив секоја седмица.

Истражување спроведено од психологот Робин Данбар, чија цел била да ги разбере механизмите на социјалната поврзаност помеѓу луѓето, покажало дека дружењето со пријателите двапати неделно позитивно влијае врз целокупното здравје.

Здравствените предности се брзо оздравување од болести, зајакнување на имунитетот, намалување на анксиозноста и поголема великодушност, што прави да се чувствуваме подобро. Според психологот, до гледањето двапати неделно се доаѓа по откривањето дека тоа е времето кое најчесто го поминуваме со најблиските пријатели и семејството.


Фото: Pixabay

- За двата пола, добро интегрираната социјална мрежа има значајно влијание врз физичкото и емоционално здравје. Луѓето со поголема или поинтегрирана мрежа имаат помали здравствени проблеми, побрзо заздравуваат од операции и се позадоволни - вели Данбар.

Според истражувачите, жените веројатно повеќе треба да ги одржуваат пријателските врски бидејќи така го зголемуваат лачењето на серотонин и окситоцин, хормонот за поврзување. Порастот на окситоцинот предизвикува смирувачки и позитивен ефект кај жените, а овој механизам не се забележува кај мажите, велат истражувачите.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот