X
 01.06.2018 Живот

Луѓето што мора да носат очила се поинтелигентни

Носите очила? Вие сте среќници. Една студија го докажа она во што сите се сомневавме: носењето очила навистина е знак за интелигенција.

Истражувачи од Универзитетот во Единбург анализирале податоци од над 300.000 луѓе и нашле корелација меѓу општата интелигенција и носењето очила. Имено, за 28 отсто било поверојатно да носат очила луѓето што покажале повисока интелигенција.

Резултатите биле дел од поголема студија за тоа како наследните гени влијаат врз општата когнитивна функција (или разговорно, интелигенцијата). Студијата покажала и дека оние што имаат повисоко ниво на когнитивна функција живеат подолго, имаат помал ризик за некои видови рак и имаат поздраво срце.

Дали ова значи дека треба да одите да си купите очила дури и ако не ви се потребни?

Апсолутно не. Една студија од 2010 година покажа дека лажните очила ги прават понечесни лицата што ги носат. Не само тоа. Лажните очила можат и да ја сменат вашата перцепција за себеси. Можеби можете само да си земете пар очила за пред компјутер за да си ги заштитите очите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот