Кашмиа Вахи, 11 годишна ученичка од Велика Британија, си заработи место меѓу најпаметните луѓе што сочинуваат 1% од луѓето во светот со нејзините совршени резултати на тестот за интелигенција.
Максималниот број на поени на тестовите е 161 за возрасни и 162 за деца под 18 години. За нејзиното достигнување да биде уште подобро, нејзините 162 поени ја ставаат две места погоре од Стивен Хокинг и Алберт Ајнштајн.
Откако наишла на Менса тестот додека сурфала на нејзиниот ајпад, Вахи одлучила да се тестира за да им докаже на нејзините родители дека нема потреба постојано да и` досадуваат дека треба да учи.
Вахи во моментот е ученичка во Јуниорското училиште Нотинг Хил. Таа и` помогна на нејзиниот тим да обезбеди трето место на Оксфордскиот математички предизвик. Нејзините дополнителни активности вклучуваат тенис, фудбал и шах. Таа се смета за една од најмладите учесници што некогаш постигнале совршен резултат, делумно затоа што учесниците треба да имаат најмалку 10 и пол години за да можат да го направат тестот.