Функциите за визуелно пребарување со вештачка интелигенција беа претставени минатата година во очилата за сонце „рејбан мета“, а нивните импресивни способности се прилично корисни во најновата бета-верзија.
Очилата идентификуваат знаменитости на различни локации и ви кажуваат повеќе за нив, функционирајќи како еден вид туристички водич, објаснува техничкиот директор на „Мета“, Ендру Босворт.
Фото: Printscreen/Threads/boztank
Тој покажа неколку примери на слики кои објаснуваат зошто мостот „Голден гејт“ е портокалов, историјата на куќите во Сан Франциско и друго. Описите се појавувале како текст под сликите.
Фото: Printscreen/Threads/boztank
Очилата се опремени со подлога на допир што можете да ја користите за репродукција на музика, автоматски синхронизирана со „Спотифај“, а исто така работат и како слушалки и звучник. На очилата има две копчиња, едно за вклучување, а друго за фотографирање или видео. Очилата поддржуваат и гласовни команди и можат да зачуваат видеа и слики во галеријата на вашиот телефон, а постои и опција за директно споделување на „Инстаграм“ или „Фејсбук“.
На неговиот инстаграм-профил, Марк Закерберг ги претстави очилата во акција, снимајќи неколку видеа во Монтана.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Meta