Ако вашето дете треба да носи очила, можеби ќе ви биде тешко да го наговорите редовно да ги користи. Носењето очила мора да им стане дел од секојдневната рутина, како миењето заби и облекувањето, затоа – објаснете им.
Стручните лица од
Children’s Physician Network им нудат предлози на родителите кои би можеле да им го олеснат целиот процес:
1. Оставете го детето само да си ги избере рамките, а вие дајте му комплимент дека добро му стојат.
2. На почеток може да ги носи и во кратки интервали, додека да се навикне.
3. Поттикнувајте го да ги носи очилата особено додека работи нешто во што ужива, на пример, додека гледа цртан филм или ја прелистува својата омилена сликовница.
4. Не додевајте му затоа што не ги носи очилата, туку фалете го секогаш кога ќе ги стави на себе.
5. Носењето очила мора да му стане дел од секојдневната рутина, како миењето заби и облекувањето, затоа – објаснете му.
6. Набројте му ги спортистите, актерите, пејачите или членовите од семејството што
носат очила.