X
 01.06.2021 Живот

Еден вакциниран жител на Хонгконг ќе добие стан вреден 1,4 милион долари

Организација од Хонгконг нуди стан вреден 1,4 милион долари како награда за еден среќен вакциниран жител. Ова е дел од кампања наменета да ги охрабри жителите на Хонгконг да се вакцинираат против ковид-19.

Во лотаријата може да учествуваат жители на возраст над 18 години што целосно се вакцинирани против ковид-19. Пријавувањето трае до 1 септември, а станот ќе биде дониран од фондацијата „Нг Тенг Фонг“, во сопственост на градежната компанија „Сино груп“.


Фото: Pixabay

Хонгконг има илјадници неискористени вакцини од „Фајзер“ на кои набргу ќе им истече рокот на траење, но и покрај тоа, само 13,4% од жителите целосно се вакцинирани, а 18,1% примиле барем една доза.

Станот што ќе го добие еден среќен вакциниран жител има 42 квадратни метри. Еднособниот стан се наоѓа во комплексот „Гранд централ“.

Бесплатен стан во Хонгконг е одлична награда земајќи предвид дека минатата година Хонгконг беше прогласен за место со најскапо домување десетта година по ред. Се претпоставува дека околу 200.000 жители на Хонгконг живеат во соби големи само 2 квадратни метри бидејќи не може да дозволат поголемо сместување.

Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот