Гитаристот, композитор и импровизатор Филип Букршлиев ќе ја добие наградата „Најдобар млад џез-музичар“ што петта година по ред ја доделува Скопскиот џез-фестивал. Името на овој скопски музичар може да се најде на повеќе од 20 долгосвиречки изданија. Активно твори во повеќе домашни формации: Filip Bukrshliev Trio, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Yordan Kostov Quintet/Ensemble и други.
- Творештвото и музицирањето на Букршлиев се одликува со необична духовитост, раскошна фантазија и несекојдневна елоквентност, што, впрочем, соодветствува и на неговата личност – соопштуваат од Скопски џез-фестивал.
Наградата ќе му биде врачена в недела, во рамките на последниот фестивалски ден, во 17 часот во МКЦ - кино Фросина, проследено со негов настап во квартет формација.
фото: ФБ-страница на Скопски џез-фестивал