Оглас за стан во центарот на Загреб им го привлече вниманието на интернет-корисниците, особено затоа што станува збор за стан од 9 квадрати кој се продава за 40.000 евра.
- Се продава комплетно реновирана соба која е уредена како функционална мини-гарсониера, идеална за удобен живот, во строгиот центар на градот. Оваа шармантна и модерна гарсониера се наоѓа на третиот кат од зграда без лифт и доби зелена налепница по земјотресот, која гарантира безбедност. Вецето е одвоено и е заедничко со соседниот стан - пишува во огласот.
Другите фотографии од гарсониерата можете да ги погледнете
ТУКА.
Фото: Eurohome