Истражувачки тим идентификува нов тип мачка која има типично неодоливо лице и шема на крзното како црно-бел смокинг, но со една разлика: крзното на грбот на оваа мачка започнува со темна боја и постепено станува бело на врвот - сето тоа предизвикано од уникатна мутација.
Истражувачите, составени од научници и застапници за благосостојба на животните, ја открија оваа нова мачка во истражување објавено во списанието „Енимал џенетикс“ и ѝ го дадоа името салмијак.
Мачката првпат била забележана во 2007 година во Централна Финска, каде што луѓето забележале локални мачки со слични шеми на крзното. Покрај посебната шема на грбот, мачките имаат бели или речиси бели опашки, а нивните очи се генерално жолти или зелени.
Тие, исто така, доаѓаат во различни варијации со црна, кафеава и боја слична на оклопот на желките и се сметаше дека се можеби неплодни поради релативно ниската инциденца на овој тип крзно, додека луѓето не открија дека една салмијак мачка родила мачиња.
Истражувачите зеле крв од пет од посвоените мачки и направиле ДНК-тест на четири мачки, кои не покажале генетски мутации поврзани со белото крзно.
Тие потоа извршиле секвенционирање на геномот кај две мачки и овој чекор покажа бришење на она што се нарекува КИТ ген, кој е клучен за тоа дали белата боја ќе се појави во крзното на мачката.
Извор:
Futurism.com
Фото: Futurism