Фото: NASA
Научниците од НАСА открија повеќе од 100 нови вселенски камења низ годините од кои 10 биле потенцијално опасни. Единицата за астероиди на вселенската агенција, позната како „NEOWISE“ (Near Earth Object Wide-Field Infrared Survey Explorer) на нејзината веб страница изјави дека забележала необјаснето зголемување на активноста на кометите.
„Кометите имаат нагли изливи и не се наоѓаат често, но ова може повеќе да се должи на ненадејна природна активност“, изјави Емили Крамер, постдокторски соработник во Лабораторијата за млазен погон на НАСА и ко-автор на истражувањето.
„Супер е за астрономите да гледаат и собираат податоци од кометите, но бидејќи активноста е толку кратко, може да пропуштат поголем дел од времето“, вели таа.
„NEOWISE“ програмата се докажа како неопходна за откривање на тела во вселената.
„Не само што „NEOWISE“ открива претходно неприкажани астероиди и комети, туку и овозможува одлични податоци за оние кои веќе се во нашиот каталог. Исто така, докажува дека е непроценлива алатка во рафинирање и усовршување на техниките за предмети во близина на Земјата и карактеризација на опсерваторијата“, вели Ејми Маинзер, главниот истражувач во „NEOWISE“.
Откривањето на мноштво од потенцијално опасните астероиди од „NEOWISE“ се надоврзува на друго откритие од страна на друга група на астрономи од астрономскиот институт на Чешката академија на науките. Групата од Академијата минатата недела изјави дека скриен внатре во метеорскиот дожд Тауридс може да се фрагменти од астероиди способни за бришење на цели држави. Истражувачите велат дека еден од фрагментите потенцијално би можеле да ја погодат Земјата во 2022, 2025, 2032 и 2039 година.
Фото: NASA
„Со оглед на тоа што астероидите се со големини од десетици илјади до стотици илјади метри тие претставуваат закана за Земјата дури и ако се суштински слаби. Понатамошните истражувања водат кон подобар опис на овој вистински извор на потенцијално опасни објекти, кои можат да бидат доволно големи за да предизвикаат значителни регионални и континентални штети на Земјата, па поради тоа се исклучително важни“, велат научниците од „NEOWISE“.
Научниците напоменуваат дека може да постојат неоткриени астероиди во метеорскиот дожд Таурид кој се протега до 300 метри во дијаметар. Сите вселенски камења помали од приближно 24 метри треба да изгорат при влегувањето во атмосферата на Земјата.
Астероидите кои опфаќаат од 24 до 1000 метри би можеле да предизвикаат локална штета, додека нешто поголемо од ова би предизвикало големи последици во целиот свет. Во моментот, најопасниот според НАСА е Тоутатис со неверојатни 5.400 метри.