Пронаоѓањето на живот надвор од планетата Земја е тема која долго време привлекува внимание. Со оглед на масивноста на универзумот и трилионите галаксии, веројатноста покажува дека до сега веќе требаше да наидеме на други животни форми. Сепак, уште немаме докази дека не сме сами во универзумот.
Според астрономот Крис Импеј, потрагата по живот надвор од Земјата наскоро би требало да даде резултати. Тој верува дека вонземјанскиот живот ќе го пронајдеме за околу две децении, но можеби тоа нема да биде откритие на какво што се надеваме и очекуваме. Импеј истакнува дека вонземјанскиот живот треба да го бараме во нашата близини, односно во нашиот Сончев систем. Исто така, смета дека животните форми можно е да се наоѓаат под површината, на пример на Марс, па затоа е потешко за да се детектираат.
Импеј вели дека наместо да се фокусираме на површините на планетите, би требало да ги истражуваме нивните атмосфери. Во наредните неколку години, ќе имаме можност да го користиме „James Web Space“ телескопот и други уреди за детектирање на био-маркери, со кои можеби ќе се пронајде доказ за микробиолошки живот. Тој потенцира дека потребно е да се фокусираме на планетите кои се слични на Земјата, бидејќи за сега знаеме дека нашата планета е единственото место на кое постои живот, тогаш сличните на неа планети се најдоброто место на кое може да се бара живот.
Благодарение на драматичниот напредок на технологијата, денес имаме најголема можност да се обидуваме да истражиме дали постои вонземјански живот.
Импеј е оптимистичен и смета дека човештвото нема да се откаже од потрагата, а сега е најблиску до реализирање на идејата за пронаоѓање на
живот надвор од нашата планета.