- Најголемата разлика е во тоа што децата биле одговорни за сè, додека денес секогаш се обвинува професорот.
- Порано, кога учениците ќе сакаа да користат калкулатор, изговорот на наставниците беше: „Нема секогаш да имаш калкулатор при рака!“ Денес, кога учениците прават писмена, професорите им велат: „Секој ученик да го исклучи телефонот со калкулатор во него“.
- Родител на ученик од 1997 година: „Како можеше да добиеш единица?“
Родител на ученик од 2007 година: „Како можев да дозволам моето дете да добие единица?“
Родител на ученик од 2017 година: „Како се осмелуваш да му пишеш на моето дете единица?“
- Учениците се во основа исти, но родителите се многу полоши. Не се вклучени во образованието на нивното дете, го обвинуваат наставникот поради лошите оценки на нивното дете, иако никогаш не седнале со него да прочитаат книга; не ги дисциплинираат децата иако тие лошо се однесуваат на училиште и дома.
- Ученик од 1997: „Си го потрошив времето на Нинтендо“.
Ученик од 2007: „Си го потрошив времето на компјутер“.
Ученик од 2017: „Си го потрошив времето на телефон“.
- Ученик од 1997: „Одам на училиште за да се подобрам себеси и мојата кариера“.
Ученик од 2007: „Не требаше да правам пауза помеѓу средното и факултетот“.
Ученик од 2017: „Ако не магистрирам, робот ќе ја преземе мојата работна позиција“.
- Професор во 1997: „Рацете на клупа!“
Професор во 2007: „Ќе им се јавам на родителите!“
Професор во 2017: „Не јавувај им се на родителите!“