X
 08.09.2022 Забава

Дали би гледале 13 хорор-филма за 1.300 долари?

Сателитската ТВ-мрежа „Диш“ е домаќин на третиот филмски маратон на хорор-филмови оваа есен и бара еден љубител на овој жанр да изгледа 13 филма базирани на книгите на Стивен Кинг.

Кандидатот што ќе биде избран ќе носи „фитбит“ за да се следи неговиот пулс додека го гледа секој филм. „Диш“ ќе ги искористи овие податоци за да одреди кој е најстрашниот филм и најстрашниот негативец на Стивен Кинг.

Од победникот ќе се бара да ги гледа сите филмови во мрак, а потоа да ги запише искуствата и дали филмовите имале некакво влијание врз неговиот сон. Во замена, кандидатот ќе добие 1.300 долари, а ќе му бидат обезбедени и ќебе, пуканки и бонбони.

foto
Фото: Pixabay

Филмовите што треба да ги гледа траат приближно 23 часа, што значи дека платата од 1.300 долари за задачата изнесува околу 56 долари на час. Победникот ќе треба да ги гледа следните филмови:

„Кери“ (оригиналот од 1976 година или римејкот од 2013 година)
„Кристин“
„Куџо“
„Потпалувачка“ (оригиналот од 1984 или римејкот од 2022)
„Тоа“
„Тоа 2“
„Мизерија“
„Маглата“
„Гробишта за миленици“
„Судбината на Ерусалим“
„Сјаење“

„Диш“ ќе избере победник до крајот на септември и ќе му даде на кандидатот рок до октомври да ги гледа сите филмови.

Оние што сакаат да аплицираат, можат да го направат тоа ТУКА, а треба да пополнат прашалник и кратко објаснување зошто баш тие треба да бидат избрани.

Извор: Cnbc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава