X
 01.07.2017 Култура

Кое е најчестото презиме во Македонија?

Кое презиме доминира помеѓу словенските земји? Јакуб Марин од Чешка направи мало истражување за цела Европа, меѓутоа на мапата погоре во фокус ставени се само словенските земји.

Јакуб ја поделил мапата во бои со цел да го претстави значењето на овие имиња па така црвената боја ги претставува имињата кои се базирани на нешто големо или ново; кафеавата боја ги претставува професиите на татковците; сината - како син на неговиот татко; тиркизната - местото на потекло и зелената - имињата врз основа на природните објекти.

Најчестите презимиња во словенските земји:

Македонија - Стојановски
Русија - Смирнов
Белорусија - Иванов
Украина - Мелник
Полска - Новак
Словачка - Хорват
Чешка - Новак
Словенија - Новак
Хрватска - Хорват
Србија - Јовановиќ
Босна и Херцеговина - Хоџиќ
Црна Гора - Поповиќ
Бугарија - Иванов

Интересно е тоа што во некои случаи можете да ја видите словенската миграција, само доколку ги погледнете популарните презимиња во земјите - така на пример голем дел од хрватското презиме Хорват може да се најде и меѓу другите словенски земји.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура