X
 15.01.2017 Култура

Најбогатото село во Кина кое жителите не смеат да го напуштат

Прашањето како Хуакси од сиромашно село дојде до толкаво богатство, и понатаму е голема тајна. Жителите не зборуваат за нивното богатство и тоа се смета за тајна, а пристапот на медиумите е прилично ограничен.

Зошто жителите не смеат да го напуштат? Едноставно, ако го напуштат, губат сè што стекнале, така што животот во ова село буквално претставува живот во златен кафез.

Селото Хуакси, сместено во покраината Џинагсу, оправдано го носи името „Село на богаташи“. Облакодери на 72. ката, хеликоптери на небото, тематски парк и луксузни вили со ист изглед, и 2 илјади жители кои поседуваат повеќе од 143.000 долари на нивните банкарски ѕвезди.

Меѓутоа, ако жителите го напуштат селото и одлучат да се преселат на друго место, губите се` што имате на вашата сметка и секако, вилата во која живеат.

Пред 30-тина години, ова село било уште едно од низата сиромашни, со население од 600 жители. Но, поранешниот секретар на Комунистичката партија, Ву Ренабо, направил план за збогатување и отворил 12 фирми, по што се променила финансиската состојба на жителите.

Луѓето во селото работат седум дена во неделата, не смеат да комуницираат со медиумите, а забранети се коцкањето и дрогата, додека клубови и барови не постојат. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура