Фото: Getty Images
На многу начини Зимските олимписки игри 2018 година се прослава за сето она што е правилно во светот. Најдобрите спортисти од различни земји се собираат за да го дадат најдоброто од себе и да ги поместат границите на човечкото достигнување. Околу две милијарди луѓе од целиот свет се насочуваат кон овој настан и навиваат за своите фаворити, почитувајќи ги најдобрите натпреварувачи од другите земји.
Но како што често е случајот, Олимпијадата исто така е шанса за политичка основа. И оваа година нема да биде поинаку, со тоа што Америка и Северна Кореја го користат настанот за да добијат поени за нивните пропаганди.
Од своја страна, Северна Кореја испрати летоци до Јужна Кореја за да го одбележи почетокот на Олимпијадата. Исфрлени од балоните, овие летоци прикажуваат маскоти што стојат под олимписките прстени. „Добре дојдовте, гости од Пјонгјанг!“, пишува на летоците наменети за 280 луѓе кои се дел од тимот на Северна Кореја.
Во тимот се вклучени спортисти, но и навивачи, новинари, уметници, како и тимот во теквондо, предводени од Ким Јонг-јо, сестрата на Ким Јонг-ун.
Фото: Reuters
Додека овие летоци се прилично едноставни и не треба да се сметаат за провокација, Северна Кореја често испраќа анти-јужнокорејски летоци што често завршуваат на јавни места или планини.
Другата голема акција на Северна Кореја за прославување на Олимписките игри е огромна воена парада што се одржа на 8 февруари, еден ден пред церемонијата за отворање на Игрите. На парадата беше прикажана балистичката ракета „Хвасонг-15“ со огромен опсег што може да стигне до источниот брег на Америка.
Северна Кореја не смее да се потцени. Нејзиниот претседател истакна дека сега земјата стана светска воена сила.
Генерално, Америка и нејзините сојузници беа против севернокорејската парада нарекувајќи ја провокативна. И Трамп сега планира парада што треба да се одржи на 4 Јули.
Дали вакво шоу од американските сили ќе испрати порака до Северна Кореја, Русија или друга земја, останува да се види. Заменик-претседателот Мајк Пенс, кој ја води делегацијата на Америка на Олимписките игри, излезе со целосна поддршка на идејата, нарекувајќи ја можност да се почитуваат вооружените сили.
Пенс исто така се обидел да направи разлика помеѓу американската и севернокорејската парада.
„Она на кое бевме сведоци во Пјончгјанг за време на отворањето на Игрите и она што претседателот на Јужна Кореја го истакна, е дека Олимписките игри ќе бидат игри на мирот, со што мислам дека стави акцент на обидот на режимот на Пјонгјанг да ги прикаже балистичките проектили и да прикаже армија што продолжува да прави закани во регионот и во светот“, изјави тој.
Додека ги имаме сите причини да останеме скептични, засега спортската дипломатија на Северна Кореја изгледа добро. Ликовите на севернокорејските спортисти се смешкаат и маршираат рамо до рамо со спортистите од Јужна Кореја за да ја нормализираат верзијата на Севернокорејците што повеќето луѓе низ светот ја имаат во нивните глави.
Обично демонизирана во западниот печат, Северна Кореја има шанса да покаже дека може да биде одговорна и да не биде различен член од светската заедница. Ако земјата го омекне својот имиџ, идејата за нуклеарно оружје би можела да стане многу поприфатена меѓународно.
Во споредба со изненадувањата и глобалните провокации честопати поттикнати од Белата куќа,
Северна Кореја треба да даде мал напор за да има позитивни резултати.