Фото: Flickr
Вгнездено во ридовите на регионот наречен Виножито во Источна Австралија, во долината на вулканската карпа и другите природни чуда, се наоѓа малечкото село со прилично голема репутација. Запознајте го Нимбин, самопрогласениот „главен град на канабисот“ во Австралија.
Со улицата наречена „Алтернативен пат“ и информативен центар наречен „Амбасадата на конопот“, не е чудно што овој необиечн град со околу 1.500 жители, со децении се смета за центар на австралиската контракултура. Очигледно е тоа и на прв поглед. Во моментот кога ќе влезете во Нимбин, исто како да патувате назад во времето облечени во бојата на мирот, љубовта и многу, многу трева. Нимбин се чувствува особено релевантен во овој период од историјата кога земјите од целиот свет преземаат чекори за легализирање на марихуаната. Сепак, Нимбин отсекогаш бил пред своето време.
На селото му била дадена втора шанса кога било избрано како локација за Фестивалот на Водолијата во 1973 година, еднонеделен собир на студенти, хипици и уметници за прославување на одржливоста и креативноста. По завршувањето на фестивалот, многу од овие луѓе одлучиле да останат и да живеат во Нимбин, поставувајќи ги темелите за алтернативна заедница за живот. И природно, со новиот идентитет, дошла култура на дрогата одговорна за денешната слава на Нимбин.
Дали е легално?
Фото: Flickr
Можеби се прашувате како Нимбин останува над законот во земја во која марихуаната не е легализирана. Одговорот е едноставен: не е легална. Јавниот консензус е дека австралиските власти во најголем дел се занемаруваат за нелегалните активности со дрога во ова мало село, дозволувајќи да ја задржи својата репутација и да продава производи од канабис. Меѓутоа, во последниве години, австралиската полиција започна да се бори против продажбата на дрога во Нимбин со бројни рации, и апсења што жителите сметаат дека се неправедни.
Нимбин можеби е единствена дестинација каде што може да се забележи контракултурата, но на крајот на денот, ова место е многу повеќе од забавна локација. Заедницата напорно работи за прашањата поврзани со канабисот, а годишните настани како фестивалот „Марди Гра“ едуцира за употребата на канабисот.
Во меѓувреме, во периферијата на градот, регионот Виножито познат по својата природна убавина, е дом на три светски наследства: дождовни шуми, бројни национални паркови и светите карпи на Нимбин од абориџинската Бунџалунг нација.
Нимбин е навистина посебно место со уникатна историја.
Место кое и речиси по 50 години успеа да ги зачува своите корени како шарено мало село со заедница што се залага за подобра иднина.