Сите некогаш сме имале тежок ден и сме мислеле дека никогаш нема да заврши. Што е најлошо, тогаш ни се чини дека не можеме да направиме ништо за да го подобриме. Но, тоа не е сосема вистина. Оваа стратегија нема да ви ги реши сите проблеми, но е креативен начин да го претворите тешкиот ден во исполнувачки.
Авторката Кеси Онџ сподели корисен совет за сите оние кои се борат да го преживеат денот.
Кога нештата не одат баш во најдобар ред, Онџ вели дека треба да се обидете да ги следите овие едноставни чекори:
1. Направете нешто што морате да го направите: Можеби ќе се чувствувате подобро ако конечно чкртнете нешто на вашата листа со нешта кои морате да ги направите, особено ако не е поврзано со вашиот нормален работен ден. Што ќе направи да се чувствувате подобро кога ќе го чкртнете?
2. Направете нешто што сакате да го направите: Разгалете се. Сакате да читате, да гледате филм, да јадете сладолед или да одите на долга прошетка во природа? Сторете го тоа. Дозволете си да бидете среќни барем на кратко.
3. Направете нешто за некој друг: Помагањето на другите прави да се чувствувате добро, тоа е докажано. Ви дава чувство на цел и ви дава шанса да се осврнете на сопствените проблеми за кои можеби ви треба помош. Исто така, тоа е убаво.
Без разлика колку ви е лош денот, оваа стратегија ќе направи да имате чувство дека сте продуктивни, дека барем малку се грижите за себе и дека правите напори да го направите
светот подобро место за некој друг.