X
 29.08.2015 Технологија

Тајната стратегија на "Google" за вработување

За вработувањето во „Google“ се зборува, чита и пишува со години. Истото било претставено и на филм и во книга. 2 милиони луѓе годишно се пријавуваат за да работат таму. Она што го знаеме за процесот на вработување на компанијата се специфичните интервјуа. Но, освен тоа, би кажале дека начинот на вработување е традиционален. Но, има една новост која компанијата не ја кажала на јавноста.


Макс Розет, дипломиран математичар на „Јејл“ за „The hustle“ го открива своето искуство со вработувањето во компанијата. Розет работел како менаџер, но сакал да ја промени кариерата и да работи компјутерско инженерство. Тој не се чувствувал подготвен за да се пријави за работа во областа.

Додека работел на одреден проект, тој „гуглал“ фраза за која во резултатите му се појавил прозорец на кој пишувало „Го зборуваш нашиот јазик. Дали го прифаќаш предизвикот?“

Розет притиснал на прозорецот и бил пренасочен на интернет-страница „foo.bar“, каде продолжил да ги следи насоките до предизвик за програмирање за кој имал 48 часа да го заврши.

Кога го завршил, тој добил уште 6 предизвици во текот на две недели, а потоа му биле побарани информации за контакт. Неколку дена подоцна, му се јавиле од „Google“ за интервју за работа. Целиот процес до вработувањето траел приближно три месеци.

- Ова е брилијантна тактика за вработување. Компанијата ја искористила интернет-страницата да ме пронајде пред да конкурирам било каде на друго место и со тоа направи да се чувствувам посебно. Истовремено, тие ја почитуваа мојата приватност и не ми се обратија директно барајќи ги моите информации. - вели Розет.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија