X
 25.11.2019 Живот

Кој е виновен за вашето лошо расположение?

Се чувствувате малку чудно? Вашите фејсбук-пријатели и твитер-вести веројатно не ви помагаат.

Излегува дека социјалните медиуми навистина имаат влијание врз нашето расположение. Истражувачите проучувале повеќе од милијарда фејсбук-постови и статуси и откриле дека кога еден пријател почнува да зборува за неговата ужасна работа или расправијата со пријателот или партнерот, тоа има домино-ефект:

- Луѓето не само што ги избираат другите луѓе за да се поврзат со нив, туку и предизвикуваат промена во емоционалните искажувања на нивните пријатели - вели Џејмс Фолер, професор по медицинска генетика и политички науки на Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Диего.

Истражувачите дошле до овој заклучок преку набљудување на тоа што се случува кога некој ќе постира од град каде што врне. Постот не предизвикува пријателите од другите градови да бидат среќни што кај нив е сончево, туку овој пост предизвикал дополнителни 1,29 негативни постови. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот