X
 01.07.2018 Живот

Која земја од поранешна Југославија има најубава храна?

Љубителите на добрата храна тешко дека може да останат гладни на Балканот. Поранешните југословенски држави имаат што да понудат кога станува збор за кулинарски специјалитети. А која од земјите од поранешна Југославија има најдобра храна?

Веб-страницата „Тејст Атлас“ објави интерактивна мапа со храната која е најпопуларна во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Македонија и Словенија.

Така, за Македонија наведени се пастрмајлијата, симит-погачата, ширденот и крушевскиот локум.

Србија е позната по својот грав, гибаницата и плескавицата, а БиХ по ќебапите, неколкуте видови на сирење, цицварата и кљукушата.

Во Црна Гора, најпопуларни јадења се приганиците, мрзливата (лења) пита, Балшича тава и гравот.

Во Словенија најпопуларни се бограч, штрукљи, потица и кремна резина, а во Хрватска брудет, фритули и пиница.

Фото: Buka
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот