X
 12.09.2022 Живот

Што заборави „Тејст атлас“ да стави на мапата од Македонија

Глобалниот атлас за храна наречен „Тејст атлас“ објави мапа на локална храна во Македонија на која смести дури 23 македонски специјалитети, од кои три се пастрмалии. На страницата, пак, има десетина јадења повеќе, меѓу кои симит-погача, малиџано и сл.


Со оглед на тоа дека на просечен семеен ручек на едно македонско семејство има поголем избор на храна, решивме да направиме листа со сите вкусни јадења што „Тејст атлас“ заборави да ги смести на мапата.

Ова е нашата листа:

-ѓеврек
-бурек
-пржени лепчиња
-паланечки симит
-јуфки
-тарана
-кратовски мантии
-биено сирење
-сарма од лозов лист и штавеј
-дроб-сарма
-шопска салата
-туршија
-ќебапи
-кумановски мезал'к
-охридско макало
-чкембе-чорба
-мусака
-ориз во тавче
-питулици
-сутлијаш
-гурабии
-кајмачина
-баклава
-јајчарник
-мармалад од шипки
-тулумби
-гулаш

Доколку пропуштивме нешто, слободно дополнете.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот