X
 11.12.2016 Живот

„Да се формира сојуз на неутрални држави на Балканот!“


Мапа од балканските држави

Високиот функционер на владеачката Единствена Русија, Сергеј Железњак, се залага за формирање сојуз на воено неутрални држави на Балканот.

Во тој сојуз, според неговите зборови, би требало да влезат Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина.

„Подготвени сме за конструктивна и сестрана соработка насочена кон давање поддршка на вонблоковскиот статус на овие држави и развој на темата за воена неутралност на ‘Балканската четворка’ на меѓунароната политичка сцена“, рече Железњак во интервјуто за рускиот портал на српски јазик, „Руски збор“.

Тој тврди дека претставниците на ЕУ досега се држеле до погрешна практика што подразбираше дека земјите - кандидатки за членство во ЕУ, мора задолжително да станат членки на НАТО на патот кон европските интеграции.

Железњак потсети дека првиот човек на Руската Федерација, Владимир Путин, првпат во историјата на современа Русија во Концепцијата за надворешна политика дефинираше „почитување на изборот на европските држави кои не се членки на воените алијанси и даваат реален придонес кон безбедноста и стабилноста во Европа“, како и подготвеноста на Москва „за конструктивна и сестрана соработка со нив“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот