X
 01.07.2018 Наука

Зошто фламингата стојат на една нога?

Дали ви текнува на некоја друга птица која е толку шармантна како фламингото? Можеби пингвинот има фенси изглед, но фламингото е уникатно поради бојата, но и поради навиката да стои на една нога цело време. А зошто го прави тоа?

Постојат неколку начини да одговорите на ова прашање - може да се обидете да одговорите зошто секоја една фламинго птица стои на една нога, или зошто фламингата како група го прават тоа. Неодамна беше одговорено првото прашање, така што ќе започнеме од таму. Но, предупредуваме: иако во оваа студија не биле повредени птици, таа сепак ќе ве натера да помислите на мртво фламинго.

Според истражувачите Јонг-Хуи Чанг и Лена Тинг, секое фламинго има голема причина да стои на една нога: полесно е. Сепак, може да бидете изненадени од тоа колку многу е полесно. Набљудувањата покажале дека птиците имаат „заклучена“ положба за одмор која ги зацврстува на место - сѐ додека стојат на една нога. Но, за да бидат сигурни, тие сакале да докажат дека фламинго може да застане на една нога без каква било мускулна активност. И има ли подобар начин да се направи тоа освен со обид за балансирање на починато фламинго?

За изведување на поголемиот дел од експериментот биле користени две претходно починати птици од зоолошката градина во Бирмингем и откако истражувачите ги ставиле птиците во правилна положба, значи на една нога, тие стоеле без никаков проблем. Тоа е веројатно малку подалеку отколку што би отишле за да докажеме нешто, но барем конечно имаме одговор на прашањето: Може ли мртвите фламинго да стои? Да, може.

Значи, фламингата можат да стојат на една нога, бидејќи е физиолошки полесно да го сторат тоа. Начинот на кој функционираат нивните нозе значи дека тие можат да ја префрлат целата тежина на едната страна, без да мора да ги користат своите мускули за да одржуваат рамнотежа. Одлично. Но зошто? Што ги направи птиците да го развијат овој трик? Никогаш нема да го знаеме целосниот одговор, но постојат неколку теории за балансирачкиот чин.

Една теорија вели дека ваквото однесување им помага на птиците да управуваат со нивната регулација на топлина. Според студија од 2009 година, колку повеќе фламинга почнуваат да стојат на едната нога, толку постудено е надвор (иако повеќето фламинга сакаат да стојат на едната нога во текот на поголемиот дел од времето). Но, некои научници сугерираат дека птиците креваат една нога додека заспиваат. Како делфините и некои други животни, само една страна од мозокот на фламингото спие во некој период, па можеби птиците ја креваат само едната нога бидејќи таа е на страната за одмор.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука