X
 02.03.2023 Наука

Фламингата се однесуваат како средношколки кога се во група, велат научниците

Речиси сите средношколки сакаат да бидат дел од популарната група. Се чини дека ваквото однесување се забележува и кај фламингата.

Истражувачи од Универзитетот во Егзетер и Фондацијата „Вајлдфаул енд ветлендс“ покажале дека групите фламинга на Карибите и во Чиле формираат мали групи врз основа на карактерот.

- Од ова истражување јасно е дека општествениот живот на фламингата е многу покомплициран отколку што мислевме - изјавил Пол Роуз, главен автор на истражувањето.


Фото: Pixabay

Роуз посочил дека претходни истражувања покажале дека фламингата имаат долгорочни пријатели, а истражувачите сега сакале да откријат дали постои причина за формирањето на групите. Тие откриле дека похрабрите фламинга се дружат, а покорните фламинга претпочитале да се дружат со другите покорни птици.

Истражувачите забележале и дека групите на агресивни птици се доминантни во однос на другите групи, додека покорните птици им помагале на другите покорни птици.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука