X
 19.04.2020 Наука

Фламингата негуваат долгогодишни пријателства и сакаат да се дружат

Научниците откриле дека фламингата негуваат долгогодишни пријателства и свесно одбираат да се дружат. Откритието е резултат на петгодишно истражување за розовите птици, за кои и претходно се знаело дека се многу социјални и сакаат да поминуваат време со одредени „пријатели“ во нивната група.


Фото: Pixabay

Истражување од Универзитетот во Егзетер покажало и дека некои фламинга одбегнуваат да бидат во близина на единки што не им се допаѓаат. Тимот кој стои зад истражувањето открил социјални врски помеѓу фламингата, па дури и парови што биле заедно доживотно, како и пријателства со единки од истиот род, па дури и групи од три или четири блиски единки.

Биле анализирани четири вида фламинга, а истражувањето траело од 2012 до 2016. Во заедниците фламингата формираат долготрајни пријателства, а кога одбираат партнер, не го прават тоа брзо.


Фото: Pixabay

Според истражувачите, фламингата, како и луѓето, формираат социјални врски поради различни причини. Фактот дека тие се долготрајни посочува дека тие се важни за преживување во дивината. Било откриено и дека годишните времиња влијаеле врз комуникацијата меѓу фламингата. Имено, повеќе пријателства се формирале во пролет и на лето кога птиците се размножуваат.

Извор: independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука