А1 Македонија со зголемен попуст за уреди за своите корисници на A1 Combo
Од денеска корисниците на фиксни и мобилни услуги во пакетот А1 Combo имаат можност да искористат попуст од 15.000 денари за купување смартфон, телевизор, лаптоп или таблет.
Со започнување на летниот период и со зголемената потреба за уживање и забава во летните денови, А1 им овозможува на своите корисници да искористат поголем попуст за купување уреди со кои ќе можат со леснотија да ги поминуваат летните денови во овие специфични услови. Со комбинирање на услугите за интернет за дома, телевизија и мобилна телефонија, корисниците имаат можност да креираат решение кое најмногу одговара на нивните потреби. Имено, корисниците на А1 Combo добиваат попуст од 15.000 денари за купување уред доколку склучат договор за фиксен пакет A1 Combo Neo 4M со вклучена една мобилна линија A1 Neo L. Истиот овој договор доколку се склучи
онлајн преку дигиталните платформи на А1, субвенцијата е
16.000 денари. Дополнително, со секоја наредна мобилна линија што се додава во пакетот попустот за уред се зголемува.
Промотивната понуда можат да ја искористат сите приватни и бизнис-корисници на пакетот А1 Combo, без разлика дали склучуваат нов договор, прават надградба на пакет, спојуваат услуги или обновуваат веќе постоен договор за период од 24 месеци. Со самото поврзување на услугите, активација или продолжување на договорите, корисниците добиваат ексклузивна можност да направат комбинација со субвенциите што следуваат за мобилните линии.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт-центар на 077 1234.
(Комерцијална објава)