X
 29.09.2022 Живот

Со попуст од 15% на апсолутно сѐ, на 30 септември повторно се отвора dm дрогеријата во „Ист гејт мол“ во Скопје!

Големото реотворање на реновираната дрогерија од компанијата го најавија за 30 септември, а по тој повод се најавени попусти од 15% на апсолутно сѐ... и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 3 дена, од 30.9.2022 до 2.10.2022 година.

Дополнително, на денот на реотворањето, со секоја сметка над 500 мкд, купувачите ќе добијат ПОДАРОК Balea гел за туширање.

Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm во „Ист гејт мол“. Посетителите на најголемиот шопинг-мол во земјава повторно ќе може да пазаруваат во dm, најголемиот дрогериски синџир во Европа и да уживаат во докажаниот германски квалитет по суперцени.

Реновирана дрогерија на dm се простира на 316,85 m2 продажен простор, 24,53 m2 магацински простор и 13,58 m2 помошен простор. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето, проширени се одредени категории на производи со што ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.

Како компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Оваа практика нема да биде исклучок и на ова реотворање, а компанијата дел од својот промет остварен на тој ден ќе го донира кон Кризниот центар за семејно насилство „Надеж“ од Скопје.

Бидете дел од и вие од ова големо реотворање на dm во EAST GATE MALL и искористете ги попустите на dm од 15% на апсолутно сѐ... и на веќе намалените производи!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот