X
 01.07.2020 Живот

„Сирк ду солеј“ пред банкрот, отпушта 3.500 вработени низ светот

Пред една година никој не би помислил дека најпознатиот светски циркус „Сирк ду солеј“ би можел да банкротира. Од компанијата изјавиле дека поднеле документи за заштита пред банкрот во Монтреал, Канада.

Компанијата планира да ги реструктурира своите долгови за да спречи банкрот како резултат на прекините во работата поради пандемијата. „Сирк ду солеј“ престана да ги одржува сите 44 претстави во март и отпушти 95% од своите вработени, од кои над 1.300 во Лас Вегас.



Од компанијата изјавиле дека ќе отпуштат и речиси 3.500 вработени од другите држави како дел од реструктурирањето. Во планот за реструктурирање на долгот, „Сирк ду солеј“ добива финансиска помош од 300 милиони долари од своите инвеститори, од кои 200 милиони долари доаѓаат од канадската владина агенција за инвестиции. Овие пари треба да ѝ помогнат на компанијата да продолжи со функционирање додека повторно не почне со работа.

Компанијата нема план кога и дали ќе продолжи со одржувањето на своите претстави. Според финансискиот план, компанијата има долг од најмалку 900 милиони долари.

View this post on Instagram

We’re putting a new twist on #CirqueConnect specials this week with something completely different! You don’t have to bend-over backwards to find out what that is: we’re showcasing the best contortion acts from your favorite shows like Luzia, O, Alegria and more! Tune in this Friday at 3pm ET on Cirque Connect (link in bio) ….. Nous vous avons concocté quelque chose de bien différent pour le programme spécial #CirqueConnect de cette semaine! Vous n’aurez pas à vous plier en quatre pour le découvrir : vous en aurez plein la vue avec les meilleures performances de contorsion de vos spectacles favoris tels que Luzia, ‘’O’’ et plus! Connectez-vous ce vendredi à 15 h HE sur cirquedusoleil.com/CirqueConnect

A post shared by Cirque du Soleil (@cirquedusoleil) on



Овој потег може да доведе до продавање на компанијата бидејќи нејзините инвеститори ќе може да ја откупат компанијата по намалена цена. Компанијата треба да ја знае својата нова инвеститорска структура за неколку месеци.

Извор: reviewjournal.com

Фото: Instagram

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот