Докторот Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести и главен медицински советник на претседателот на САД, Џо Бајден, смета дека коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 нема да исчезне.
- Сигурно нема да го искорениме. Сме искорениле еден вирус, а тоа се големите сипаници. Елиминација значи дека нема случаи во земјата, како што е случајот со детската парализа и сипаниците. Мислам дека нема да стигнеме дотаму со ова - изјавил Фаучи.
Тој, сепак, верува дека ќе може да се стигне до ниво на контрола на случаите за тие да бидат доволно ниски за да може да се функционира.
Фото: Pixabay
- Колку помалку случаи имаме, во толку подобра ситуација ќе бидеме, а ќе стигнеме до толку ниско ниво кога поголемиот дел од населението ќе биде вакцинирано и ќе прими дополнителна доза - објаснил Фаучи.
Кога станува збор за новиот сој, омикрон, тој изјавил дека мутациите во сојот се проблематични и дека е подобро „да се подготвиме за најлошото“.
Сојот првпат бил детектиран во Јужноафриканска Република, а биле потврдени случаи во Израел, Боцвана, Хонгконг и Белгија.
Извор:
Insider
Фото:
NBC News (Printscreen)