Баба од Кина го прославила својот 90-ти роденден и покрај тоа што со рачна граната кршела ореви и ковала клинци во ѕид во претходните 20 години. Да, добро прочитавте.
Како што пишува „Саут Чајна морнинг пост“, бабата по име Кин ја пронашла гранатата додека работела на својата фарма и со децении била убедена дека се работи за чекан, па редовно ја користела како алатка.
За среќа, не се случила трагедија, а Кин дури неодамна дознала дека била во животна опасност 20 години. Работниците што работеле на нејзината разурната куќа ѝ откриле дека се работи за рачна бомба, кога препознале што всушност жената држи во рацете.
- Користев граната за мелење црвен пипер, кршење ореви и поставување клинци - вели Кин во видеото, кое стана вирално на интернет.
Извор: 6yka.com
Фото: TikTok Screenshot