После продажбата на неговата компанија „Zip2“ за неверојатни 307 милиони долари во 1999 година, Елон Маск тргнува на голем број успешни бизнис потфати и станува еден од 75 највлијателни луѓе на 21-от век.
Со компании како „SpaceX“ и „Tesla Motors“, Маск е навистина извонреден претприемач, инженер и пронаоѓач кој продолжува да придонесува и да напредува и покрај неговото богатство. Во снимката подолу го гледаме младиот Елон Маск кој чека испорака на Mclaren F1 спортски автомобил.
>