X
 01.07.2024 Наука

Научниците го открија Градот на мртвите во Египет - едно од најморничавите места во светот

Оваа значајна локација се наоѓа во близина на градот Асван, кој бил важен како каменолом, трговски и воен центар пред повеќе од 4.500 години. Археолозите биле во областа веќе пет години и неодамна откриле 36 гробници кои биле користени во период од 900 години.

Патриција Пјачентини од Универзитетот во Милано го опишала откритието како „многу спектакуларно“ и истакнала дека е многу уникатно во контекст на египетската археологија. Гробниците се пронајдени во близина на мавзолејот на Ага Кан III и опфаќаат речиси 270.000 квадратни метри, со десет тераси со антички гробници, наредени во различни слоеви.

Неверојатно откритие

Интересно е што луѓето се закопувале според нивната социјална класа - повисоките класи биле закопувани поблиску до врвот на ридот, додека ниските класи биле на долните тераси. Археолозите велат дека гробниците датираат од шестиот век пред нашата ера до деветтиот век од нашата ера. Се верува дека повеќето од погребаните починале од болест.

Во внатрешноста на овие гробници пронашле многу подароци, што дополнително ги збогатува археолошките истражувања. Пјачентини ја истакнала важноста од почитувањето на погребаните, нагласувајќи дека нивната цел е да ги откријат нивните приказни и повторно да почиваат со почит, откако ќе бидат истражени.


Откритието дава уникатен увид во животот на луѓето пред илјада години во оваа област на Египет, додека истражувачите продолжуваат да ги откриваат тајните и богатството на историските гробници.

Извор: klik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука