X
 11.10.2024 Наука

Едноставно прашање чиј одговор ќе ви покаже колку години има вашиот мозок

Додека се млади, луѓето не размислуваат премногу за стареењето и потенцијалните проблеми што доаѓаат со возраста. Но, како што поминуваат годините, се појавуваат и здравствени проблеми карактеристични за одредена возраст, па некои луѓе голем дел од времето го поминуваат во лекарските ординации. Други, пак, се соочуваат со средовечна криза бидејќи сфаќаат дека има уште работи што сакаат да ги пробаат и доживеат, а времето одминува.

Се разбира дека никој не сака ова време да помине пребрзо и не сака мозокот да му остари побрзо од телото. Затоа, за сите оние што се загрижени за нивните когнитивни перформанси и меморија како што стареат, постои брз тест што може да ја покаже состојбата на мозокот.

Овој тест вклучува само едно прашање што треба да си го поставите: Колку стар се чувствувам?


Познато е и докажано во претходни истражувања дека луѓето се чувствуваат околу 20 отсто помлади од нивната возраст, но ова е само просек. Некои се чувствуваат многу помлади во однос на бројот на години на нивната лична карта, додека некои се чувствуваат постари.

Жанјунг Чеј, научничка од Универзитетот во Сеул, се обидел да открие дали ова субјективно чувство на луѓето за нивната возраст може да се поврзе со биолошкото стареење на мозокот.

За да добие одговор на ова прашање, таа спровела истражување во кое учествувале 68 луѓе на средовечна возраст. Во текот на истражувањето кандидатите морале да одговорат на прашања за тоа колку стари се чувствуваат, требало да решаваат когнитивни тестови, а биле подложени и на магнетна резонанса на мозокот, која го мерела волуменот на сивата материја што се намалува со возраста.

Излегува дека одговорот на прашањето колку стари се чувствувате е прилично добар показател за вистинската состојба на мозокот.

- Откривме дека луѓето што се чувствуваат помлади имаат структурни карактеристики на помлад мозок - вели Чеј, додавајќи дека разликата останува значајна дури и ако се земат предвид други фактори, како што се личноста, субјективното здравје, депресијата или когнитивните функции. Она што е нагласено за резултатите од истражувањето е дека покажува дека субјективното чувство на возраст навистина може да укаже на возраста на самиот мозок, но причината зошто е тоа така не е објаснета, па ќе бидат потребни нови истражувања за да се добие одговор и на тоа прашање.

Ако некој се чувствува постар во однос на своите години, тоа може да биде знак дека треба да ги промени навиките на животниот стил или да започне да се занимава со некои активности кои би можеле да бидат корисни за одржување на здравјето на мозокот, објаснува Чеј.

Извор: Inc.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука